465
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас кој денеска напладне и официјално стави потпис на договорот со италијанскиот видешампион Наполи, веќе дебитираше за својот нов тим.
На денешниот пријателски натпревар со второлигашот Кремонезе тренерот Карло Анчелоти во внесе Елмас во игра во второто полувреме во 68 минута.
Публиката го поздрави со громогласен аплауз, а на почетокот на натпреварот го скандираше и неговото име.