534
Наполи може да ги финализира преговорите со Фенербахче за трансферот на Елиф Елмас уште денес.
Според турските медиуми, 19-годишниот репрезентативец на Македонија е овластен да преговара за своите лични услови со вицешампионот на Серија „А“.
Се верува турскиот клуб да добие околу 15 милиони евра за централниот играч од средниот ред.
Елмас премина кај „фенерите“ во 2017 година за само 180.000 евра од Работнички.
Во последниве месеци, се шпекулира дека за него има интерес од Интер, Фиорентина, Борусија (Дортмунд) и Атлетико Мадрид.