Елена Ристеска ќе пее на црногорскиот Избор на песна за Евровизија!

by Fokus

Поп пејачката Елена Ристеска вечерва ќе настапи црногорскиот Избор на песна за Евровизија, ,,Монтенегро сонг 2024”.
Настанот ќе се одржи вечерва (среда) во Подгорица, и ќе учествуваат 16 пејачи, а победникот ќе ја претставува Црна Гора на Евровзија 2025 во Базел.

Ристеска пак, ќе настапи како гостинка со песната ,,Мука ми је” која е препев од македонски јазик на песната ,,Ме боли за сѐ”. За истата е снимен и видео запис кој е објавен на музичкиот канал Јутјуб.

Елена беше македонска претставничка на Евровизија 2006 во Атина, со песната ,,Нинанајна”, со која го освои 12-то место.

Инаку, на ,,Монтенегро сонг 2024” победникот се избира со гласови од публика – 50 проценти и гласови од жири комисија, исто така 50 проценти. Според анкетите, моментално фаворит за победа е Нина Жижиќ со песната ,,Добредошли”.

Македонија пак, трета година по ред нема да учествува на Евровизија. Како образложение за неучсеството на популарниот музички настан, од Јавниот сервис МРТ беа наведени економски причини.

Сепак, неодамна на седница на Програмскиот совет на МРТ, членовите истакнале дека не треба да се откажува учеството на Евровизија, па дури и да сме последни секоја година, бидејќи меѓународниот музички натпревар ја афирмира Македонија и учеството на такви настани не смеело да се пропушта.

Вики Клинчарова

Поврзани новости