По две години пауза Црна Гора ќе настапи на Евровизија 2025 во Базел, а синоќа на „Монтенегро сонг“ го избра претставникот.
Станува збор за инди – рок групата „Неоноен“ и песната „Кликбајт“.
Првично, според анкетите, победа и се прогнозираше на Нина Жижиќ со песната „Добредошли“, но таа заврши на второто место.
Победничката песна се избра со гласови од стручното жири и гласови од публика.
Во жирито годинава членуваа Хари Мата Хари, Дадо Топиќ, Нуша Деренда, Тијана Богичевиќ, Данијел Поповиќ, Емили Де Форест и Елена Ристеска.
Ристеска исто така настапи и во ревијалниот дел на настанот.
„Неоноен“ победи со десет поени од жири и десет поени од публика.
Групата е формирана во 2012 година, а првиот сингл го издале дури по шест години. Досега имаат издадено шест песни, а победничката „Кликбајт“ е нивна седма авторска песна. Нивната музика е инди рок, со елементи на панк и хеви метал.
Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, поради економски причини.
Вики Клинчарова