ЕЛЕНА ЛУКА како успешна бизнис жена, менаџер и сопственик на етаблираните брендови ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА , беше вип гостинка, воедно и Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан кој што има за цел да го поддржи и зајакне женското претприемништво и лидерство и кој за прв пат се одржа во Македонија, на 2-ри и 3-ти октомври во Скопје во хотел „Мериот“.
Преку својот импресивен пример на жена лидер која паралелно менаџира бизниси во повеќе сфери, ЕЛЕНА ЛУКА во рамки на својата агенда на настанот, имаше за цел да го поддржи и мотивира женскиот бизнис сектор во Македонија, но и на интернационално ниво, имајќи предвид дека таа е и членка на глобалната G100 заедница која важи за една од најмоќните групации која ја сочинуваат жени лидери и која има за цел да се создаде прогресивна и инклузивна средина за жените ширум светот.
„ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА важат за најуспешни компании секоја во својот домен, предовдени од жена. Токму затоа, на покана на организаторите на настанот, „Елит“, Здружението на жени менаџери и како членка на светската организација G100 која е и една од најмоќните глобални женски здруженија, чест ми е што денеска сум во друштво на многу истакнати и успешни жени на интернационално ниво и сум вип гостинка на настанот воедно и Златен спонзор. Моето учество на овој исклучително квалитетен настан, кој за прв пат се одржува во Македонија и вклучува неколку панел дискусии на особено важни теми за женскиот бизнис свет, е приоритетно да ја дадам својата поддршка како жена која успешно предводи бизниси во повеќе сектори и преку својот пример да укажам на позитивни практики во деловниот свет. Овој настан е одлична прилика за меѓусебно вмрежување и дискусија за сите позитивни промени, но и предизвици со кои се соочуваат жените пред се во бизнисот на светско ниво и кај нас, како и за изнаоѓање на решенија за истите. Мојот фокус во рамки на денешната агенда, покрај моето залагање и поддршката за женското лидерство, вклучува и промотивна кампања во контекст на премиум станбено деловниот комплекс FUTURA. Навистина сум горда што ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ како компанија, а воедно и FUTURA Complex како капитален проект, се вистински репрезент на светските стандарди во градежништвото. FUTURA Complex е новиот модерен архитектонски печат на Скопје, лоциран во општина Кисела Вода, на најфреквентниот булевар „Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек. И токму преку вакви капитални проекти како што е FUTURA и генерално успехот на компаниите што ги менаџирам, се илустрира моќта и влијанието на женското претприемништво и нашата способност за економско, но и социјално зајакнување на општеството, како една од главните цели на G100“, истакна ЕЛЕНА ЛУКА.
За FUTURA Complex:
Со површина од 47.000м2 FUTURA Complex вклучува четири станбено-деловни објекти со 382 станбени единици, кои се со различна типологија и со квадратури од 35м2 до 88м2. Целта на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ е да понуди идеално место за живеење кое ќе биде симбол на персонализиран животен стил, модерен дизајн, ексклузивитет, безбедност, функционалност, енергетска ефикасност – квалитет како врвен приоритет којшто е наш печат на препознатливост. Нашата идеја е да креираме позитивен импакт преку архитектурата од секој аспект, а со FUTURA Complex апсолутно ја продолжуваме успешната мисија на ELENA LUKA HOME.
Во однос на тоа, кои вредности и квалитети ја доведоа до врвот во бизнис секторот, а се совпаѓаат со визијата на G100 за женско претприемништво и меѓусебна поддршка, ЕЛЕНА ЛУКА изјави:
„Како лидер, отсекогаш сум верувала дека секој бизнис, без разлика дали е во модниот или градежниот сектор, треба да има јасна визија и цел која ги одразува вредностите на компанијата. Основните вредности кој што го креираат мојот бизнис пристап, секогаш се темелат на интегритет, иновација, уникатна идеја, посветеност, максимална професионалност, но и одговорност кон луѓето и заедницата. Овие вредности исто така се и одраз на визијата на G100 која се залага за глобално зајакнување на жените преку економски и лидерски можности – да се создаде свет каде жените претприемачи водат со истрајност и иновации, притоа внимавајќи на економскиот и социјалниот развој. Преку моите компании, ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА, како и преку највлијателниот онлајн моден магазин FashionEL.mk, максимално се вложувам да ја унапредам позицијата на жените во бизнисот и да покажам дека е можно да се постигне успех и во традиционално машки доминирани индустрии. Стремежот кон оригиналност и иновативност што секогаш нè издвојува над просекот, е најизразената карактерна нишка што ги поврзува световите на ЕЛЕНА ЛУКА и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ. Мојата цел е преку двата бренда на луѓето да им понудам избор, различност и диверзитет до степен на персонализираност. Токму затоа имаме огромно семејство на лојални клиенти и во модната и во градежната сфера, затоа што луѓето ја препознаваат посветеноста, професионалноста и квалитетот што го нудиме на секое ниво. Двата аспекта се движат кон создавање на уникатен финален производ со тенденција да стане безвременски. Преку мојот личен пример, сакам да покажам дека со правилна стратегија, визија и упорност, жените можат да бидат лидери во секој сектор, дури и во оние каде традиционално доминираат мажи. Работиме на отворање патишта за следната генерација на жени лидери, особено во индустриите кои бараат иновации и лидерство“.
За да го зголемиме присуството на жените во бизнисот, мора да се преземат конкретни мерки во неколку области.
„Едукацијата и обуките за развој на претприемачките и лидерските вештини се основен предуслов. ЕЛЕНА ЛУКА со многу успешни проекти до сега го поттикнувала и иницирала женското претприемништво кај нас. Сме спроведувале стручни бесплатни обуки и комплексни програми, со цел жените финансиски да се осамостојат, да станат независни и да започнат свој бизнис. Создавање и јакнење на мрежите на жени претприемачи е исто така од огромно значење. Жените имаат потреба од платформи како што е Економски форум на жени лидерки, каде може да се поврзат и споделат искуства и ресурси, заедно со пристап до глобални пазари. Еден од најголемите предизвици е пристапот до финансиски средства. Во овој контекст, потребно е да се креираат повеќе програми кои ќе овозможат на жените претприемачи лесен пристап до кредити, грантови и други финансиски ресурси, особено за стартап компании. Во моите компании, голем број од вработените се жени и тоа на менаџерски функции. Мојата визија е создавање на инклузивна економија каде жените ќе играат водечка улога и ќе ги надминат сите постојни бариери, како на национално, така и на глобално ниво. Сметам дека оваа платформа е одлична алатка за зајакнување на женското претприемништво во сите сектори“, потенцираше ЕЛЕНА ЛУКА.
Повеќе од 250 жени лидерки и бизнисменки од Македонија, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Косово, Турција, Индија и Египет ќе учествуваа „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, во организација на Здружението на жени менаџери „Елит“, Скопје и G100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион.
На официјалното отворање на програмата свое обраќање имаа и Нејзината Екселенција, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, претседателка на Република С. Македонија, како и Ленка Угриновска, почесен д-р, претседавачка со Г100 Крилото за комуникации, застапување и посредување за Македонија и претседателка на ЗЖМ Елит, како и проф. Македонка Димитрова, претседателка, Организациски одбор на ВЕФ Балкан 2024.
Целата на настанот беше поврзување на бизнисите од сите присутни земји и поголема застапеност на жените во сите делови од животот.
G100 претставува моќна групација од 100 жени глобални лидери кои водат 100 крила во целиот свет, а заедничката мисија е да се обезбеди мисловно лидерство за тоа што треба да се направи за инклузивност, безбедност, економско и социјално зајакнување на жените на глобално ниво.