ELENA LUKA HOME го промовираше ексклузивниот станбено-деловен комплекс FUTURA – репер за премиум домување

by Fokus

Реномираниот бренд во градежната индустрија, ELENA LUKA HOME ексклузивно го промовираше премиум станбено-деловниот комплекс FUTURА – репер за највисоките стандарди во современото домување, на вчерашната Конференција за комерцијални недвижности во Скопје.

ELENA LUKA HOME која како Златен спонзор го поддржа и му даде посебна вредност на настанот, прикажа светско ниво на презентација преку која стручната и пошироката јавност се запознаа со визионерскиот проект FUTURA Complex што претставува врвна архитектура која квалитетот на живот го става во фокус.

„Навистина сум горда што ELENA LUKA HOME како компанија, а воедно и FUTURA Complex како капитален проект, се вистински репрезент на светските стандарди во градежништвото. Дека сме доследни на нашата визија да го предводиме пазарот со прогресивни идеи, прикажавме и со нашата иновативна видео-презентација преку која јавноста детално ја запознавме со FUTURA – концептот кој ги обединува сите квалитети на современото, урбаното и модерното домување.Целта на ELENA LUKA HOME е да понудиме идеално место за живеење кое ќе биде симбол на персонализиран животен стил, модерен дизајн, ексклузивитет, безбедност, функционалност, енергетска ефикасност– квалитет како врвен приоритет којшто е наш печат на препознатливост. Нашата идеја е да креираме позитивен импакт преку архитектуратаод секој аспект, а со FUTURAComplex апсолутно ја продолжуваме успешната мисија на ELENA LUKA HOME. Верувам дека многу семејства токму во FUTURA ќе ја создадат својата среќна иднина, а истовремено и многу бизниси тука ќе креираат репрезентативни и успешни деловни приказни“, изјави сопственичката и генерален менаџер Елена Пандева, која воедно беше и говорник–учесник во панелот за „Пазар на станбен простор“, каде ги искажа своите ставови и ги сподели своите визионерски идеи во однос на станбеното домување, како и сите предизвици и можности.

Со семејна традиција во градежниот бизнис веќе четири децении, Елена Пандева го профилираше својот градежен бренд како водечки на пазарот во чекор со светските тенденции. За тоа каков е предизвикот да се биде жена-менаџер во градежништвото, дамата визионер го сподели искуството:

“Јас сум во градежништвото уште од дете би рекла, мојот татко беше градежник и 40 години работеше во градежниот бизнис. Иако ова е машки бизнис во суштина, мене воопшто не ми е непозната оваа материја, затоа што активно сум се вклучувала и сум учела заедно со мојот татко. Низ годините увидов дека жената дава сериозен придонес во овој бизнис, затоа што ние сме многу пофокусирани на деталите и освен што го следиме процесот на изведба и целата проблематика околу изведувањето на градежните објекти, внимаваме и на фините детали, на деталите на изведбата, на квалитетот на материјалите што се имплементира, на функцијата на становите, а размислуваме и на семејството и на поединецот, едноставно – еден стан треба да биде мултифункционален за да обезбеди квалитетно домување. Од тој аспект сметам дека жената дава особен придонес и затоа ELENA LUKA HOME се издвојува на пазарот како уникатен, домашен и модерен бренд.”

Конференцијата за комерцијални недвижности која вчера по вторпат се одржа во Скопје, организирана од компанијата Фортонмка, на едно место  собра професионалци од сите засегнати страни во овој сектор. Целта на настанот e да сеохрабрат иновативни решенија кои ќе одговорат на зголемената побарувачка за комерцијални и простори за домување, истовремено обезбедувајќи долгорочна вредност за заедницата.

FUTURA Complex репер за премиум домување по светски стандарди

Со секој детално планиран сегмент во создавањето на FUTURA Complex, ELENA LUKA HOME ги потврдува своите бескомпромисни заложби со кои овој станбено-деловен комплекс е репер за премиум домување.

FUTURAComplex  е новиот модерен архитектонски печат на Скопје, лоциран во општина Кисела Вода, на најфрекфентниот булевар „Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек.

Со површина од 47.668м2 FUTURA вклучува четири станбено-деловни објекти со 382 станбени единици, кои се со различна типологија и со квадратури од 35м2 до 88м2. Современиот дизајн на секоја станбена единица се фокусира на креирање на простори кои се удобни, функционални и прилагодливи според потребите на корисниците.

Се карактеризираат со висок степен на опременост и на финализација со естетски избалансирани материјали и елемeнти кои се одлична подлога и подржуваат различни стилови на ентериерно уредување.

Вградени се висококвалитетни материјали и елементи со високи перформанси од реномирани производители, а како резултат на тоа, сите објекти во комплексот се одликуваат со одлична звучна изолација, енергетска ефикасност, пријатна микро клима и убав релаксирачки амбиент.

Комплексот располага со атрактивен деловен простор со површина од 3.171м2којшто може да биде реорганизиран и поделен според потребите и деловната стратегија на различни бизнис дејности.Секоја од деловните единици е со ултра модерен дизајн и со пространи излози што создаваат впечатлив визуелен идентитет и дополнително го привлекуваат вниманието на клиентите, на најфрекфентниот булевар „Борис Трајковски“.

Станарите на FUTURA Complex ќе уживаат во сопствената зелена оаза позиционирана во средишното јадро на комплексот. Паркот со јавна површина од 800м2 ќе биде нивното идеално место за заеднички дружби, социјализација и рекреација, а со тоа значително ќе биде подобрен и квалитетот на живеење на индивидуално и колективно ниво.

Иднината на домувањето каде човекот и заедницата се приоритет – FUTURA Complex е реализација на визијата за совршен дом.

 

Поврзани новости