Откако СДСМ објави документи според кои во државата веќе три дена се увезува струја поскапа од скоро 40 проценти, со реакција уште еднаш излегоа од ЕЛЕМ. Во ова соопштение, за разлика од претходното во кое убедуваа дека се е под контрола, сега признаваат дека купуваат струја, но велат оти СДСМ манимулира со цената и ја лаже јавноста.
– АД ЕЛЕМ детално информираше по која цена е набавената електрична енергија, периодот за кој е набавена, како и за постапката која е спроведена согласно сите востановени пазарни правила, утврдени од Регулаторната комисија за енергетика. Впрочем, цените, количините и периодот за набавка уште во текот на вчерашниот ден транспарентно се објавени на веб страната на АД ЕЛЕМ… – Повторуваме дека станува збор за набавка на електрична енергија по поволна цена, со оглед на фактот што поради екстремните временски услови и проблемите со производните капацитети со кои се соочуваат многу земји од Југоисточна Европа, други енергетски системи во регионот набавуваат електрична енергија и по цени од 100 евра за мегават час – се наведува во соопштението.
Во него нема објаснување за информациите дека еден блок од РЕК Битола откажал.