738
Државната компанија за производство на електрична енергија АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) деновиве склучи договор со Аутомакедонија за набавка на автобуси за потребите на рударско енергетскиот комбинат РЕК Битола во износ од скоро 1,7 милиони евра, во кој е вклучено и одржувањето на автобусите, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки.
Станува збор за набавка на 6 автобуси, кои, според техничката спецификацијата, се еколошки, односно на погонско гориво со компромитиран земен гас.
Се предвидува тие да не бидат произведени пред повеќе од една година од денот на испорака, да имаат 60 седишта итн.