И покрај барањата од страна на Владата привремено да се замрзнат тендерите за изградба на топлификацијата на Битола, заедно со Логоварди и Новаци, ЕЛЕМ го објави тендерот тежок 46 милиони евра.
„Без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ“, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Огласот е објавен на интерент странцата на агенција за економски развој на Германија и во три дневни весници во земјава. Станува збор за тендер тежок 46 милиони евра, од кои 7 милиони се на ЕЛЕМ, а останатите се кредит од германската КФВ банка.
Од Владата реагираат Управниот одбор на компанијата да донесе одлука за мораториум на проектите, за да не се направи поголема штета и да не се загрози имиџот на Република Македонија во меѓународни рамки.