657
ЕЛЕМ во итна постапка на приватната фирма од Битола „Пелистер“ ќе ѝ плати 2,5 милиона евра за ископ на јаглен, објави телевизија 24.
Договорот е потпишан во четири очи без тендер. Од Елекстрани на Македонија тврдат дека не распишале оглас поради, како што е наведено, „итност на постапката“.
„Пелистер“ ќе ископува јаглен во РЕК Битола на местото на ТРАНСМЕТ, која се откажа од договорот. Договорот со Пелистер е потпишан на една година, но од ЕЛЕМ тврдат дека нема да трае подолго од три месеци, зашто во тек била нова постапка за избор на компанија која ќе прави ископ на јаглен.