Зоолошката градина во Скопје се опреми со две нови електрични возила кои ќе придонесат и во зачувување на животната средина.
-Електричните мотори ќе ја олеснат работата и движењето на ЗОО негувателите низ градината. Во иднина, ќе добиеме и електрични тротинети, а се планира целиот возен парк во Скопје ЗОО да се обнови со возила на струја со цел да ја зачуваме животната средина и да ги мотивираме и другите во борба против загадувањето, велат од раководството на ЗОО.
Во Зоолошката градината деновиве се подготвуваат за дочекот на шимпанзото Коко кој после 10 години лекување од депресија в четврток ќе се врати во Скопје. Со Коко од Амстердам ќе стигнат уште три шимпанза, две женски и едно машко. За нив во Зоолошката е изградено комплетно ново живеалиште.