Претседателот Александар Вучиќ по средбата со компанијата „Стелантис“ најави дека во крагуевачкиот „фиат“ ќе се произведува електричен автомобил од типот „фиат панда“.
-Денес започнуваме нова ера во инвестирањето во нашата земја, потпишавме договор за финансирање на електричниот автомобил што ќе се произведува во Крагуевац, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија мора да почне да се подготвува за електрични и хибридни автомобили, пренесува нова.рс.
-Ќе треба да размислуваме за цената на енергичната енергија. Треба да имаме евтина струја, а за да го постигнеме тоа треба да имаме обновлива енергија. А за да го направиме тоа, ни требаат реверзибилни електрани. „Мораме да работиме што е можно повеќе, бидејќи од 2035 година нема да има повеќе класични возила, рече тој.
Вучиќ истакнал дека производството на автомобилот ќе започне во 2024 година.
Не е тајна дека фабриката во Крагуевац со години чекаше спасоносна вест за производството на нов модел на автомобил, а јавноста во последните денови се погласно споменуваше дека новиот автомобил би можел да биде електрична варијанта на „Панда “, пренесува нова.рс.