822
Државата Ел Салвадор стана првата земја во светот која ја призна криптовалутата биткоин како официјално платежно средство.
Конгресот го усвои предлог-законот на претседателот Најиб Букеле за прифаќање на криптовалутата како средство за плаќање со 62 од 84 можни гласа и покрај стравот од можниот лош ефект врз програмата на Ел Салвадор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Претседателот Букеле се залагаше за користење на биткоинот бидејќи, според него, тоа може да ги заштити девизните дознаки на иселениците од екстремно високите давачки во доларски трансфери.
Законот ќе почне да се применува за 90 дена, и според него компаниите ќе мора да го прифаќаат биткоинот како средство за плаќање на стоките и услугите.