581
Сосема е извесна спогодбата меѓу Шпанската Социјалистичка партија и Каталонската Републиканска левица , што го отвора патот службениот премиер Педро Санчез повторно да биде изгласан за оваа функција во парламентот.
Шпанските медиуми јавуваат дека средбата меѓу преговарачките страни од двете партии покажала значителен напредок, а бил договорен и најделикатниот дел од спогодбата за можното решение на политичката криза во Каталонија.
Сега веќе може да се закаже и гласањето за влада во периодот меѓу 2 и 5 јануари, пишува електронското издание на шпанскиот весник „Ел Паис“.
Социјалистичката партија победи на повторените општи избори во ноември, но, како и на гласањето во април, не освои мнозинство.