859
Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, и понатаму објавува “бомби”, односно прислушувани материјали, во кои главните улоги ги имаат високи функционери на ДУИ.
Разговорите се водат главно помеѓу Али Ахмети со Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери, но и други разговори за различни случаи.
Објавувањето на новите прислушувани разговори од Ел Чека следува само по неколку дена откако Кичевскиот суд го осуди на една година условна казна затвор.