Ел Чека објавува нови „бомби“, фејсбук сѐ уште не го блокира

by fokus

И денеска не запира протекувањето на „бомби“, односно на нелегално прислушувани разговори, на социјалната мрежа фејсбук. Објавувачот на најновите разговори, а на фејсбук потпишан како Ел Чека, пред малку објави два нови разговори.

Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, вели дека телефонските разговори се меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и екс министерот Муса Џафери, а наводно зборуваат за Охридскиот рамковен договор. Тој откри и дека комнуницира со дел од осудените за Диво насеље, и наводно со нив се договорил да ги објави сите „бомби“ што ги има.

МВР вчера информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле обвинителството.

-Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста, велат од МВР.

Нејасно е зошто фејсбук сѐ уште не му го блокираше профилот на објавувачот, па тој и понатаму слободно објавува нелегално прислушувани материјали.

 

Поврзани новости