Ел Чека објави „бомба“ во која се споменува случајот „Монструм“

by fokus

На социјалната мрежа Фејсбук синоќа беше објавена нова „бомба“ преку акаунтот на Ел Чека, кој претходно вечерта се подбиваше со информациите од МВР дека го утврдиле идентитетот на објавувачот.

Овој пат Ел Чека тврди дека во новообјавената бомба телефонски разговараат ексминистерот за правда Блерим Беџети со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Тема на нивниот разговор e екстрадиција на осуденик од Косово, при што се споменува случајот „Монструм“.

Ел Чека тврди дека бомбите се добиени од тројца членови на Кумановската група, кои издрживаат казна во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими. На својот профил Ел Чека вели дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље – командант Соколи и дека се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.

Поврзани новости