Република Еквадор вчера до дочека првиот случај на коронавирус во земјата со песна. Набргу по официјалното соопштение дека во земјата е забележан првиот позитивен случај на смртоносниот вирус, беше објавена песната ,,Коронавирус” со видео спот за истата.
Во спотот, медицински лица танцуваат и низ игра ги пренесуваат препораките на властите за заштита од вирусот.
-Ете, во Еквадор така гледаат на нештата. Видеото и песната се направени со цел да го едуцираат населението како да се заштити од вирусот, односно се препорачува редовно миење на рацете и зголемена хигиена, како еден вид на превенција – ни раскажаа нашинци кои живеат во Еквадор, Јужна Америка.
Велат дека забавната и весела песна е со цел да ја намали и паниката која би можела да биде предизвикана кај населението поради вирусот.
Она што е интересно е дека песната за само неколку часа стана хит. Масовно се споделува, и набргу по објавата доби над еден милион прегледи.
https://www.facebook.com/100010729001221/videos/1076421309392159/?t=0
Вики Клинчарова