Екстремно десничарски пратеник во Полска употребил апарат за гаснење пожар за да ги изгасне свеќите на менора, традиционален еврејски свеќник запален за Ханука, што ги наруши парламентарните постапки пред планираното гласање за доверба на новата влада, пишува Гардијан.
Новиот премиер Доналд Туск, кој претходно денеска вети дека ќе ја реформира Полска по осум години владеење на десничарската националистичка партија Право и правда, инцидентот го нарече „срам“.
„Ова е неприфатливо. Ова не може да се повтори. Ова е срамота“, рече Туск.
На неговата осуда се огласи и израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне, кој на социјалната мрежа Х објави: „Срамота. Пратеник во полскиот парламент го направи токму тоа. Неколку минути откако го прославивме Ханука таму“.
Парламентот даде пауза за да се справи со инцидентот, кој беше предизвикан од Гжегож Браун, кој беше прикажан на телевизија како користи апарат за гаснење пожар за да ги изгаси свеќите на менора, свеќник со седум гранки што е симбол на еврејската традиција.
На прашањето дали се срами по инцидентот, Браун одговори: „Оние кои учествуваат во дела на сатанско обожавање треба да се засрамат“.