208
Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) победи на општите избори одржани денеска, со освоени 29,1 отсто од гласовите, што и дава можност да формира владејачка коалиција за прв пат по Втората светска војна, покажаа проекциите, пренесе Ројтерс.
На второ место е Австриската народна партија на австрискиот канцелар Карл Нехамер, која освои 26,2 отсто од гласовите, додека социјалдемократите добија 20,4 отсто од гласовите, според проекцијата заснована на истражувањето на Foresight за радиодифузерот ORF.
Гласачките места се затворени денеска во 17 часот.