Екстремисти од ИД убиле најмалку 1000 муслимански затвореници

by Fokus

Шефот на тимот на ОН што ги истражува злосторствата во Ирак, Кристијан Ричер, изјави дека екстремисти на џихадистичката група Исламската држава (ИД) извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото во затворот во Мосул во јуни 2014 година, каде систематски се убиени најмалку 1.000 муслимански затвореници, главно шиити.

– Доказите собрани од масовни гробници со посмртните останки на жртвите на егзекуцијата во централниот затвор Бадуш и од преживеаните, ги покажуваат деталните подготовки за нападот од страна на високи претставници на ИД, извршен на 10 јуни рано наутро, изјави Ричер вчера пред Советот за безбедност на ОН.

Тој истакна дека „заробените биле однесени на локации во близина на затворот, разделени врз основа на религијата и понижени. Најмалку илјада, главно шиитски затвореници, се убиени“.

Поврзани новости