„Екстра меин“ тврди дека во гевгелиската продавница немало сечкан врат од нивно производство дента кога инспекцијата зела примероци од наводно спорниот производ.
„На 23 јули 2014 година е извршен инспекциски надзор во гевгелиската компанија „Алди ем плус“. Ова, наводно, е маркетот од каде што е земен спорниот примерок за анализи на сечкан вакумиран свински врат од производителот „Екстра меин“. Меѓутоа, на посочениот датум – 23 јули, во наведениот малопродажен објект нема за продажба сечкан вакумиран свински врат од „Екстра меин“. Прв датум кога од страна на дистрибутерот во посочениот објект е доставен за продажба вакумиран свински врат е 24 јули 2014 година. Тоа е вистината! А таа ја поткрепуваме и со фактури-испратници од нашиот дистрибутер кон малопродажниот ланец. На увид на јавноста ѝ ставаме што сѐ било дистрибуирано од производите „Екстра Меин“ во продавницата! Дури, испраќаме и фактури- испратници од 21 јули од кои што е повеќе од очигледно дека нема достава на вакумиран сечкан свински врат!!! Врв на фингирањето на случајот граден врз „Екстра меин“ е Резултатот од тестирањето на спорната мостра во Центарот во Велес, каде што потписничката на документот Шурбевска наведува дека датумот на земањето и на приемот на мострата е на 25 јули, 2014 година!
Покрај овој факлсификат, Шурбевска треба да му објасни на министерот Тодоров, на македонската јавност, но и на Јавното обвинителство, меѓу останатото, каде била мострата во овие два критични дена. Настрана што сѐ уште стои отворено прашањето од каде, како и кога е земена спорната мостра“, се вели во денешното соопштение од кумановската компанија во кое фирмата предупредува дека сите документи ги доставила и до Јавното Обвинителство!
Од „Екстра меин“ додаваат дека повторно го поддржувааат министерот за здравство Никола Тодоров да не дозволува да го манипулираат, тие што се директно вклучени во фабрикувањето на темата листерија во Екстра Меин.
Линкови до фактурите фактура1 и фактура 2.