Експремиерот Димитриев ќе биде асистент по социологија на УКИМ

by Фокус

Поранешниот премиер Емил Димитриев ќе биде асистент на Филозофскиот факултет по предметите Општа социологија, Социологија на политиката и политички систем.

Во изјава за „360 Степени“, Димитриев вели дека неговиот избор се уште не е дефинитивно потврден, односно дека по објавата во Билтенот следува одлука за избор за асистент од Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет.

-Мојата љубов кон социологијата и кон науката датира одамна. Имам дипломирано на Институтот за социологија, а и постдипломските студии ги продолжив на овој институт. Постдипломските студии ги започнав пред да имам политичка функција и поради тие обврски паузирав со научната дејност. Сега ѝ давам приоритет на социологијата, а во иднина ќе видиме што ќе се случува – рече тој.

Неговиот избор за асистент е објавен во Билтенот на УКИМ, а го предлага Рецензентска комисија во состав д-р Ило Трајковски, редовен професор на Филозофскиот факултет, д-р Константин Миноски, редовен професор на Филозофскиот факултет и д-р Билјана Ванковска, редовен професор на Филозофскиот факултет.

Порано, тој беше заменик-министер за одбрана. Потоа, стана генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. За време на првата пржинска влада, во која Никола Груевски мораше да се повлече, Димитриев стана технички премиер.

Поврзани новости