366
Експлозијата во Полска била предизвикана од ракета за воздушна одбрана на Украина, ги информирал членовите на групата Г7 и НАТО американскиот претсдател, Џозеф Бајден.
-Бајден ги информирал партнерите Г7 и НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета за воздушна одбрана – пренесува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор во Алијансата.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на 15 ноември биле насочени само цели на територијата на Украина со ракети со висока прецизност, на оддалеченост од најмалку 35 километри од украинско-полската граница.
На 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина.