558
Најмалку три лица загинале во силна експлозија што се случила вечерва во станбена зграда во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.
Според првичните информации, причина за експлозијата било истекување на гас во стан на третиот спрат од зградата, но официјалната причина за експлозијата не е соопштен.
На местото на настанот стигнал и гувернерот на Истанбул, Али Јерликај.
Како резултат на експлозијата, избил и пожар во зграда која се наоѓа во областа Кадикој.
На лице место се повикани голем број пожарникари и брза помош. Пожарот е ставен под контрола, а од зградата е спасено едно лице кое е пренесено во болница.