97
Две лица се повредени во експлозија на метан во рудник на Урал, Русија.
Остатокот од рударите се безбедно извлечени на површината, соопшти рударската компанија Уралкали, пренесува РИА Новости.
Инцидентот се случил во раните утрински часови.
Од компанијата појаснуваат дека производствените капацитети на Уралкали работат вообичаено, се расчистуваат околностите на инцидентот.