Експлозија во Мадрид поради истекување на гас, три лица загинаа

by Фокус

Најмалку три лица загинаа во експлозија што се случи во зграда во центарот на Мадрид од истекување на гас, по што настанал и пожар.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, го посети местото на експлозијата и изјави дека не може да потврди колку луѓе се повредени.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, домот за стари лица, кој е сместен во зградата, е евакуиран, иако нема пријавено повредени меѓу неговите станари.

Во зградата живееле и свештеници каде подготвувале јадења за бездомници.

Полицијата го опколи местото на несреќата во Мадрид и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.

Поврзани новости