625
МВР информира дека денеска дваесет минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна скопска Железара настанала експлозија, при што со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с. Студеничани, Скопско, К.Ф.(29) од с. Мојанци, Скопско и Р.С.(33) од с. Долно Количани, Скопско.
Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.