488
Во фабрика во индустриската зона во Тарагона, северна Шпанија, денеска се случи експлозија што предизвика пожар, соопшти каталонската Агенција за цивилна одбрана.
Се претпоставува дека причина за експлозијата е хемиски акцидент.
Неофицијално, едно лице загинало, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат местото на експлозијата, да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите.
Тарагона се наоѓа на 115 километри југозападно од Барселона.