Во Чачак ноќеска околу еден часот се случила експлозија во компанијата А.Д. „Слобода“ во делот каде се произведува муниција. Од силните детонации градот се „тресел’“ скоро два часа.
ЕКСПЛОДИРАЛА ФАБРИКА “СЛОБОДА” У ЧАЧКУ… #CACAK #GRADCACAK #FABRIKASLOBODA PIC.TWITTER.COM/SIGKM6GQCH
— ВОЈВОТКИЊА ОД ЉУБИЋА (@SMOKICARKA) JUNE 4, 2021
Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета, а според неофицијални податоци експлодирал магацин за топовски гранати.
Според очевидци и локалното население кое живее недалеку од фабриката, пожарот започнал да се шири со молскавична брзина, па екипите на пожар и спасување не можеле веднаш да стигнат до местото на несреќата.
Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ, за РТС изјави дека нема жртви и повредени. Тој вели дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2,30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се засолниле во подрум од фабриката.