Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул

by Fokus

Силна експлозија одекна во близина на руската амбасада во Кабул, јавија денеска локалните медиуми.

Жител на Кабул во областа за ДПА изјавил дека талибанските безбедносни сили го опколиле патот што води до амбасадата. На снимките објавени на локалните медиуми се гледаат возила на брза помош како брзаат кон областа.

Досега има различни информации за целта на експлозијата. Некои извори цитираа сведок кој рекол дека експлозијата се случила пред амбасадата додека Авганистанци чекале визи.

Безбедносни претставници засега не соопштуваат никакви детали за експлозијата.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Поврзани новости