475
Во белградската населба Дедиње утрово пред 11 часот се случи експлозија во автобус, при што петмина патници се повредени.
На местото на несреќата се наоѓаат екипи на итна помош. Петмината повредени веднаш се пренесени в болница и во тек е дијагностика.
Некои од локалните медиуми објавуваат дека меѓу повредените има и едно бебе.
Причина за несреќата е експлозија на боца за компресија на воздухот, а од силниот тресок се скршило и страничното стакло на задниот дел од автобусот.