Експлозија кај трговски центар во Риека, уапсени двајца со бомби

by Fokus

Полициската управа Приморје-Горски Котар во Хрватска информираше дека ноќеска половина час по полноќ  во близина на управната зграда на деловен субјект во близина на трговски центар во Риека била активирана непозната експлозивна направа, јави „Индеџ хр“.

Нема повредени.

Непосредно пред споменатиот настан, околу полноќ, полицајци пред трговски центар во месноста Кострена затекнале германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа.

Споменатите лица се приведени  во полициска станица. Осомничените имале и трета направа, а се е поврзано со експлозијата на 21 мај во реонот на трговскиот центар Вежица во Риека, кога било оштетено стаклото на вратата од трговскиот центар поради активирање на непознат експлозивна направа.

Истрагата за наведените настани е во тек, како и кривична истрага за утврдување на сите факти и околности, соопшти полицијата.

На Твитер се огласи и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

„И честитам на полицијата за нивната професионална и ефикасна работа во откривањето и апсењето на лица поврзани со серија експлозивни направи поставени на подрачјето на Риека. Нивната посветеност на работата е гарант за безбедноста на граѓаните и заштитата на јавниот ред. и мир“, изјави Божиновиќ.

Поврзани новости