Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се повредени во експлозија и пожар на бензинска пумпа во руската кавкаска република Дагестан.
Причините за катастрофата се уште не се познати, но слични несреќи и пожари не се ретки во Русија. Тие често се резултат на непочитување на безбедносните прописи и стари инсталации.
На снимката од Министерството за вонредни ситуации се гледаат остатоци од изгорени автомобили и спасувачи со шлемови кои се обидуваат да го изгаснат пламенот и да ги отстранат остатоците.
„окалните власти известија за 35 загинати и 64 повредени, што е зголемување од утрово кога новинската агенција Интерфакс објави, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош, дека бројот на загинати се искачи на 25 лица, меѓу кои и три деца.
Пожар избувна во работилница за поправка на автомобили покрај автопат во главниот град на Дагестан Махачкала во понеделникот вечерта, предизвикувајќи експлозии, кои се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.
Тринаесет од повредените се деца, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан.