Денешниот ден на Блискиот Исток помина во знак на екстремна ескалација, откако серија силни експлозии одекнаа за време на државен митинг во главниот град на Иран, Техеран.
Инцидентот се случи во моменти на веќе наелектризирана атмосфера, по претходните најави од Вашингтон за масовни воени операции во регионот.
Според првичните информации, експлозиите предизвикале паника и голем број жртви, иако официјалните бројки сè уште се прикриваат од иранските власти.
Иранскиот државен врв веднаш излезе со остра осуда, директно вперувајќи го прстот кон САД и Израел како организатори на овој, како што го нарекоа, „кукавички чин на тероризам“.
„Иран ќе одржи незаборавна лекција за САД и за Израел. Нашите непријатели направија фатална грешка и одговорот на Исламската Република ќе биде брз и безмилосен“, се заканија од военото раководство во Техеран.
Паралелно со настаните во Техеран, извештаите од фронтот говорат за зголемена активност на сите воени формации.
Иранската револуционерна гарда веќе ги активираше своите ракетни системи со долг дострел, додека американските трупи на Блискиот Исток, засилени со дополнителни 5.000 војници, се во состојба на максимална борбена готовност.