0
Едно лице загина, а друго е тешко повредено по експлозија на резервоар со нафта во Улсан, Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица.
Резервоарот бил зафатен од голем пожар и се извивал густ црн чад, јавува новинската агенција Јонхап.
Експлозијата се случила околу 11:15 часот по локално време во градот кој се наоѓа на 310 километри југоисточно од Сеул.
Привремениот претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, нареди максимални напори за гаснење на пожарот.