791
Најмалку 20 лица загинаа при експлозија на резервоар за гориво во Акар во северен Либан, соопшти либанскиот Црвен крст на Твитер.
Станува збор за скриен резервоар за гориво, кој експодирал по дистрибуција на бензин за жителите.
За време на екслозијата, во близина биле околу 200 луѓе.
Во несреќата, најмалку 79 лица се повредени и хоспитализирани во локалните болници.
Инаку, Либан се соочува со сериозен недостиг на гориво, поради што дури и болниците најавија затворање.