Експлодира плинска боца во Гевгелија, едно лице загина

by Fokus

Едно лице загина по експлозија која се случи попладнево околу 16 часот во продавницата на „Заре Комерц“ во центарот на Гевгелија. Неофицијално експлозијата е од плинска боца, а повредени биле уште три лица.

Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на Брза помош веднаш по дојавата интервенирале на терен. Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени биле веднаш префрлени на хирушкото одделение и потврдија дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени. По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот кој е во тек.

Поврзани новости