710
Експертскиот тим на Светска здравствена организација денеска пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, за да го истражи потеклото на пандемијата.
Експертскиот тим во Вухан ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.
Петр Бен Ембарек, експертот на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.
Виетнамскиот биолог Хунг Нгујен, кој е дел од тимот, истакна дека не очекува рестрикции на работата на групата во Кина.
Експертскиот тим на СЗО, по двонеделниот карантин ќе ги испитуваат вработените во истражувачките институти, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави ковид-19.