Експертка на ОН за човекови права за Русија денеска изјави дека Москва е одговорна за смртта на Алексеј Навални затоа што тој бил или убиен во затвор или умрел во услови на притвор што претставувале тортура.
„Значи, руската влада е одговорна, вака или онака, за неговата смрт“, изјави Маријана Кацарова за Ројтерс на маргините на настанот на Обединетите нации во Женева за руските политички затвореници.
Шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин претходно изјави дека Навални, кој почина на 16 февруари во арктичка колонија, починал од природна смрт.
Кацарова, исто така, предупреди дека другите затвореници во Русија би можеле да ја доживеат истата судбина како Навални, посочувајќи дека е „многу загрижена“ за опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза.
„Од смртта на Алексеј Навални, не помина ниту еден ден без да се прашам кој е следниот Навални?“, рече таа.