Експертите против Владата: Да се намали бројот на министерства

by Фокус

Tреба да се намали бројот на министерства во македонската влада, вели професорката на Правниот факултет Ана Павлоска-Данева, откако влезот на Алтернатива во Владата донесе најави за воведување на нови министри без ресор.

-Во европските развиени држави, владите се мали, функционални со помалку министерства и министри. Кај нас имаме 16 министерства и различни премиери предвидуваат различен број на министри без ресор – рече Данева во „Трилинг“.

Како пример таа наведува дека во времето на владеење на Никола Груевски имало 26 министри, а беа 14 министерства.

-На почетокот од владењеето на Зоран Заев, исто така имаше 26 министри со 15 министерства. Сега имаме 16 министерства со 20 министри, бидејќи министрите без ресор престанаа да се именуваат. 16 министерства се премногу – рече Данева.

Според неа, Владата може слободно да функционира со 12-13 министри.

Поврзани новости