Експертите да кажат дали за почеток на преговорите треба да се смени Уставот, рече Мицкоски

by Fokus

За да почнат преговорите потребна е промена на Уставот, рече во својата денешна изјава лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повикувајќи се на член од документот „Заеднички став на ЕУ“.

Тој остави простор на таквата дилема одговор да дадат експертската јавност и лицата коишто се занимаваат со таа проблематика.

-Дилемата којашто ја има ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна, во членот 11, во документот „заеднички став на ЕУ“, јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите сѐ додека не биде променет Уставот. Дали е тоа точно или не, оставам експертската јавност, но и луѓето коишто се занимаваат со оваа проблематика да дадат одговор“, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости