Експерти од Естонија ќе помагаат за дигитализацијата во образованието

by Fokus

Министерството за образование и наука (МОН) ќе добие експертска помош од Естонија за развој на дигитализацијата на образованието. Станува збор за активности кои ќе бидат во рамки на проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП), финансиран од Естонија и САД.

За таа цел, министерката Мила Царовска денеска имала состанок со претставници од Секретаријатот за европски прашања и амбасадата на САД во земјава.

-Министерството за образование и наука е мапирано како релевантно министерство за споделување на искуства и информации, како и за состојбите во однос на дигитализација на процеси и услуги во образованието, со цел поефективно планирање и дефинирање на понатамошните активности на проектот. Целта на проектот е да се споделат најдобри практитки и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во Северна Македонија, развој и имплементација на решение за е-управување и техничка поддршка и управување со промени, соопштија од МОН.

Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, 18 месеци, а започнува преку средби и заеднички работилници со претставници од релевантни институции и други чинители од Северна Македонија.

 

Поврзани новости