Експерт за оданочување или гласник на Арсовска – кој е новиот секретар на Град Скопје?

by Фокус

На денешните советнички прашања во Град Скопје, за првпат се претстави и новиот генерален секретар на Градот, Зоран Глигоров, кој претходно беше шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.

Глигоров излезе на говорницата откако беше прозван од советникот Владимир Нелоски, тој да му одговори на прашањата бидејќи градоначалничката си замина од салата откако директно го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Глигоров се претстави со куса биографија, во која истакна дека по професија е економист, а специјалност му било оданочувањето.

Неловски остана да ги чека одговорите од Глигоров написмено, но додека ги поставуваше прашањата го нарече новиот генерален секретар „гласник на градоначалничката Арсовска“, кој во институциите е познат како „она што Зоки го говори Данела го мисли, тоа што од Зоки пристигнува Данела го куца“.

Поврзани новости