Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс за американското издание на „Дејли експрес“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати за време на интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, го истакнал својот авторитет.
– Во текот на разговорот Путин во неколку наврати ги подигна двата показалци, што е акцент на авторитетот и моќта – вели Џејмс.
Таа, исто така, забележала дека држењето на Путин се променило за време на разговорот од изразување на задоволство во сериозност, додека се приближувал кон крајот на интервјуто. Џејмс особено го истакна неговиот гест кога гордо зборува за хиперсоничните системи и руските технолошки достигнувања.
-Имаше моменти во кои Путин уживаше. Тоа го гледаме од позицијата на неговото торзо кое се прошири додека зборуваше за руски хиперсонични ракети кои се помоќни од сите други – тврди Џејмс.
American journalist @TuckerCarlson believes that Ukraine should be returned to the borders of 1654 and land should be given to Hungary.
I want to ask Tucker, does he not want to divide the USA maybe between Great Britain, France, Spain and the Native Americans? pic.twitter.com/iwOq8EJtIr
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) February 9, 2024
Таа го спореди говорот на телото на Путин со реакцијата на Такер Карлсон.
Новинарот на почетокот изгледал опуштено, но постепено станал сериозен додека Путин ја продолжувал својата презентација. Рано, забележува Џејмс, рускиот претседател го поставил тонот на разговорот, прашувајќи го Карлсон дали сака сериозно да разговараат или сака „ток-шоу“.
Ова ја постави основата за рестриктивниот тон на разговорот што следеше.
Путин потоа ја презеде контролата врз разговорот со презентирање на историски наратив за Русија и Украина, додека Такер Карлсон главно слушаше без да интервенира.
– Нема сомнеж дека Путин доминираше во интервјуто – се согласуваат експертите.