245
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, ќе биде предлог за генерален директор во МЕПСО, објави ТВ21, повикувајќи се на партиски извори.
Според телевизијата, предлог за вицепремиер и министер во министерството за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи, советник на Арбен Таравари за евроинтеграции.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН имаат постигнато договор за ново парламентарно мнозинство, но се уште не се официјализирани новите министри, заменици, секретари, директори…