ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Сдсм ја поддржува иницијативата за менување на државниот грб, но бара свои примеси во него и нуди решение за тоа.

by lali

„Сакаме да ја поздравиме оваа одлука на Владата, но сепак мора да понудиме и своја варијанта за новиот грб. Сепак ние сме партија која има поддршка од над 200 000 граѓани, па сакаме и тие да бидат дел од новиот грб. После вонредната седница која ја одджавме во партијата, решивме да понудиме мали промени коишто ќе го карактеризира и нашето присуство во државните симболи. Сведоци сме дека последниве неколку години ние како партија а нашите членови и симпатизери каде и да се појават во јавноста при народни собири, карактеристично сме обележани со црвен круг околку своите глави и тела па затоа и го нудиме ова решение (ВИДИ ФОТО).

Се надеваме дека Владата ќе ни излезе во пресрет и ќе ги прифати овие предлози од наша страна за конечно сите бидеме задоволни од промените со коишто во целост ќе се карактеризира Македонија, без разлика дали тие карактеристики се владеачки или опозициски.“ – Се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.

vaka-kje-izgleda-noviot-grb-na-republika-makedonija-203737

Иако црвениот круг е симбол на луѓе кои имаат свој став и размислуваат со своја глава, сепак во јавноста тој се уште се прикажува и важи како симбол на луѓе кои се на опозицијата или се дел од невладините организации на СОРОС.