Ексдиректор на одхридскиот Завод за здравствена заштита со државни пари запишал постдипломски, а не ги завршил

by Fokus

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 56-годишниот А.М. за злоупотреба на службената положба како директор на Заводот за здравствена заштита.

Според полицијата, во текот на 2007 година, пријавениот како директор на Јавната здравствена установа “Завод за здравствена заштита” Охрид се запишал на постдипломски студии, кои биле финансирани од “Завод за здравствена заштита” Охрид и требало да ги заврши во одреден рок. Пријавениот, до денот на поднесување на пријавата, не ги завршил студиите, ниту ги рефундирал примените парични средства со што се стекнал со материјална корист од 257.600 денари. За тој износ ја оштетил Јавната здравствена установа.

Поврзани новости