Екс-судијката Коцо: Што ќе се случи ако Камчев се појави како заштитен сведок и во друг случај?

by fokus

Поранешната судијка, Вера Коцо во гостувањето на Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ вели дека како граѓанин и како поранешен судија на Врховниот суд од една страна е заинтересирана за она што се случува во земјата.

„Пред се би сакала да кажам дека изминатиот период, судството во кое што го вклучувам целиот правосуден систем и обвинителството, имаше ситуации во кои навистина можеше да се зборува дека нивната работа не е на ниво кое се очекува од нив. Заради таквите појави кои се случија изминатиот период, особено 2015-2016 година, па и пред тоа, доведоа до некои состојби кои што нашата држава ја доби референцата „заробена држава“. Тоа сигурно не беше само кажано за да ние бидеме ставени во некоја ситуација на пониско ниво, туку тоа беше вистина, изјави Коцо.

Околу новиот Закон за ЈО и прислушуваните разговори Коцо смета дека ако се тргне од максимата од Римското право каде има едно правило – salus populis suprema lex esto – Се што е во интерес на народот треба да биде највисок закон и заради тоа прислушуваните разговори треба да бидат елементи на остварување на правдата.

„Дали Орце Камчев е заштитен сведок? Сите знаат кој е тој, како настапува и јас не знам во што е неговата заштита. Што значи заштитен сведок и дали неговото јавно експонирање значи заштитен сведок. И што ќе се случи доколку тој се појави во некој друг случај како заштитен сведок?“, вели Коцо.

Поврзани новости