Екс-репрезентативниот голман на Македонија, Николоски нов тренер на Победа

by fokus
Поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Македонија, Јане Николоски од денеска е нов тренер на прилепска Победа.
По лошите резултати и четирите порази едно по друго во Првата лига, до денес актуелниот тренер Тони Мегленски беше отпуштен. Николоски има искуство како тренер на Хоризонт Турново, а пред да седне на клупата на Победа беше спортски директор на клубот.
Во кариерата тој има настапувано за Победа, Пелистер, Слога Југомагнат, Напредок, а во странство ги носеше дресовите на Аполон Каламарис, Славија Софија, Персеполис, Славен Белупо, АПОЕЛ и АЕЛ Пафос.
Прилепскиот тим во моментов го зазема осмото место на табелата со 17 бода од 17 натпревари, на само два од последниот Силекс.

Поврзани новости